Пребарување

Vatican News
Средба „Медитеранот – граница на мирот" Средба „Медитеранот – граница на мирот" 

Во Бари започна средбата на епископите од медитеранските земји

Во организација на Италијанската епископска конференција, во попладневните часови на 19 февруари во италијанскиот град Бари започна средбата на епископите од медитеранските земји под геслото: „Медитеранот – граница на мирот“

На средбата учествуваат 59 делегати од епископските конференции од 20 земји од подрачјето на Медитеранот. Меѓу учесниците се: претседателот на Епископската конференција на Босна и Херцеговина надбискупот и митрополит врхобосански кардинал Винко Пуљиќ и претседателот на Хрватската епископска конференција задарскиот надбискуп Желимир Пуљиќ и епископот шибенски Томислав Рогиќ, надбискупот и митрополит белградски монс. Станислав Хочевар делагат на Меѓународната епископска конференција Св. Кирил и Методиј кој ја опфаќа Србија, Црна Гора, Македонија и Косово. Меѓу останатите има делегиција од Словенија, Шпанија, Франција, Албанија, Грција, Малта и земји од Блискиот Исток и Северна Африка меѓу кои се и тројца патријаси.

Поздравни зборови и добредојде на сите им упати претседателот на Италијанската епископска конферецнија кардиналот Гуалетиро Басети, надбискуп на Перуџа. „На оваа наша благородна средба ќе се слушне гласот на сите крајбрежни Цркви: овде сме за да го откриеме повторно значењето на заедничката припадност на Медитеранот, па да црпиме убавина и сила од братското заедништво и во центарот да го ставиме пророштвото за единство“, рече кардинал Басети. Рече и дека „Медитеранот не е само убавина создадена од средбата на разноликоста, туку и насилство кое експлодира заради неможноста за составување на игрите на моќ и спротивставените интереси.“ Објасни дека вдахновението за организирање на оваа средба ја добил кога го запознал „светиот градоначалник“ на градот Фиренца, Џорџио Ла Пиру, кој му кажал дека Медитеранот повторно станува она што било. Додаде дека започнал во себе да го чувствува неподносливото страдање на Нашето Море, сведено на гроб на илјадници браќа.“

Кардинал Басети истакна дека посебноста на оваа средба е „во истражувањето на најавтентичниот начин на животот и посланието на Црквата кој овозможува да се слушне гласот за потешкотиите и страдањата на народите на брегот на Средоземното Море во момент кој за многумина од нив е навистина драматичен.“ Додаде дека станува збор за братска средба во текот на која ќе настојува да ги слушне и прифати поттиците од Светиот Дух. „Заедничката медитеранска припадност на нашите Цркви, нашето заедништво cum Petro et sub Petro и богатството на нашите традиции ни го покажуваат – со почитување и уважување на различностите – заедничкиот повик. Повикот кој нè упатува на длабокото битие на Црквата: да се биде Црквата која постојано се враќа на изворите на верата, за да ја пренесе убавина и радоста на Воскреснатиот на младите луѓе и на идните генерации; да се биде Црква на блаженствата, внимателна во негувањето на новата култура на Медитеранот, која може да биде само култура на средба и добредојде...; да се биде Црква на пророштвата...; да се биде Црква на „медитеранските маченици“ кои знаат да ги препознаат знаците на времето и се способни со дијалог да ја „разоружат секоја богохулна употреба на Божјото име во омразата кон братот“, рече кардиналот Басети и додаде: „Драги пријатели, пречекувајќи се едни со други, со рака ја допираме убавината на мозаикот од медитеранските христијански култури и традиции, но не можеме да не ја имаме на ум драмата која денес ја доживеваат нашите народи.“ Тој рече дека „посебно во медитеранскиот базен, каде тензиите и конфликтите во целиот свет се конвергираат, алтернативата за мир претставува ризикот од неконтролираниот хаос.“ „Не треба да се заборави драги браќа и сестри дека ѕидот кој ги дели народите пред сè е ѕидот на економијата и интересите. На Медитеранот постојат невидливи граници кои ги разделуваат народите кои живеат во беда од оние кои живеат во благосостојба“, рече кардинал Басети.

Во име на Италијанската епископска конференција, покрај кардиналот Басети учествуваат и тројцата потпреседатели и генералниот секретар и петте претседатели на комисии, а голем број италијански епископи ќе се придружат на евхаристиското славење со Светиот Отец на 23 февруари со кое ќе заврши оваа средба. Еден од тројцата потпреседатели монс. Антонио Распанти, епископ на Акиреале одржа излагање со наслов: „Во потрага по медитеранскиот повик.“ Потсети дека Исусовото Евангелие поттикнува на „отворање можности за заеднички дијалог и визија“, проговори за христијанската визија за Медитеранот.“

Поздрав до учесниците упати и градоначалникот на Бари д-р Антонио Декаро и претседателот на покраината Апулија д-р Микеле Емилијано.

Пред почетокот на работниот дел од средбата, епископите служеа света Литургија во криптата на катедралата Успение на Пресвета Богородица во Бари, а ја предводеше кардинал Басети. Во вечерните часови на 18 февруари евхаристиското славење во криптата на катедралата го предводеше кардинал Пулиќ, а епископите и овој пат молеа пред древната Богородична икона која Цариград ја подари на Бари.

Средбата на епископите од медитеранските земји ќе заврши со посетата на папата Фрањо кој на 23 февруари во базиликата Свети Никола во 8.30 часот ќе се сретне со епископите од земјите на Медитеранот собрани на оваа средба. Во текот на средбата со папата Фрањо пригоден збор ќе упати: претседателот на Италијанската епископска конференција кардинал Гуалтиеро Басети, потоа кардинал Винко Пулиќ и апостолскиот управител „sede vacante“ на Латинскиот ерусалимски патријархат надбискупот Пиербатиста Пицабала. Откако ќе се обрати на собраните и ќе ги сослуша зборвите на благодарност од алжирскиот надбискуп Пол Десфаргеса, претседател на Северноафриканската епископска конференција и ќе се помоли во криптата на базиликата пред моштите на свети Никола и ќе ја поздрави доминиканската заедница чувари на светилиштето, папата Фрањо на плоштадот Виктор Емануел II првиот цар на обединета Италија ќе го предводи евхаристиското славење со почеток од 10.45 часот со кое завршува средбата „Медитеранот – граница на мирот.“

22 февруари 2020, 13:35