Пребарување

Vatican News
Светилиште во Лурд Светилиште во Лурд  (ANSA)

Светскиот ден на болни: Близина на римските парохии до оние што страдаат

Помошниот римски бискуп монс. Паоло Рикарди, делегат за пасторал за здравство, повикува на „намалување на оддалеченоста“, посветувајќи секој месец ден за молитва и близина, кој е посветен на оние кои страдаат

Да се биде блиску до оние кои страдаат, не со зборови или идеологии, туку со присуство, често тивко и дискретно; тоа беше Исусовиот стил и тоа мора да биде и нашиот стил – изјави монс. Паоло Рикарди, помошен римски бискуп и делегат за пасторал за здравство во Римската бискупија, коментирајќи ја пораката на Папата за XXVIII. Светски ден на болни кој се одбележа на 11. февруари на тема: „Дојдете кај мене сите кои сте уморни и оптоварени и јас ќе ве одморам.“ (Матеј 11, 28).

Бискупот Рикарди, помеѓу останатото, истакна дека сакаат, почнувајќи од оваа година, верниците на Римската бискупија да се состануваат секој 11. во месецот за да молат зедно со болните и за нив. Притоа напомена дека е важно на болните да не се гледа само како на личности на кои се дава нега, туку како на оние што активно учествуваат во животот на заедницата, прикажувајќи го свпоте страдања и молитва.

Животот треба да се прифати, штити, почитува и да му се служи од неговото раѓање до неговата смрт – се зборовите на Папата од пораката за Светскиот ден на болни, на кои потсети бискупот Рикарди, кој исто така предупреди дека луѓето кои повеќе не придонесуваат материјално во општеството, честопати се сметаат за општествен отпад, притоа мислејќи на старите лица, странците, терминално болните, како и на многу ситуации кога изгледа дека таквиот живот повеќе нема никаква вредност.

Делегатот за пасторал на здравство во Римската бискупија освен тоа, забележа, дека во Рим сè повеќе лица страдаат од психички заболувања и напомена дека се проценува дека за десет години половина од сите заболени ќе страдаат од тој вид на заболување. Загрижувачки е фактот што помеѓу нив има с‘ повеќе млади и во врска со тоа, бискупот рече дека Црквата треба подобро да се подготви за да се приближи и да им помогне на овие луѓе.

13 февруари 2020, 09:31