Пребарување

Vatican News
Поглед на т.н. „Врата на смртта“ која води во концентрациониот логор Аушвиц – Биркенaу (фотографија од 1945 година) (АНСА) Поглед на т.н. „Врата на смртта“ која води во концентрациониот логор Аушвиц – Биркенaу (фотографија од 1945 година) (АНСА)  (ANSA)

Меѓународен ден за сеќавање на жртвите на холокаустот

Вчера се обележуваше 75 годишен јубилеј од ослободувањето од логорот Аушвиц - Биркенау. Европските бискупи објавија изјава во која одлучно го одбиваат антисемитизмот и политичката манипулација со вистината

Вчера се одбележа Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите на холокаустот, односно 75 годишнината од ослободувањето од концентрациониот логор Аушвиц - Биркенау, нешто, како што неодамна рече папа Фрањо, нè обврзува силно да се спротиставиме на сите дела кои го загрозуваат човечкото достоинство, како што се расизмот, ксенофобијата и антисемитизмот. Кардинал Анџело Бањаско, претседател на Советот на европските бискупски конференции (CCEE) и кардинал Жан Клод Холерих, претседател на Советот на бискупските конференции на земјите од Европската Унија (COMECE), по тој повод, во име на европските бискупи, објавија заедничка изјава во која, меѓу другото, предупредија дека не смее да се дозволи вистината да се игнорира или со неа да се манипулира за моменталните политички интереси.

Повикување на светот на мир

На оваа годишнина го повикуваме современиот свет на помирување и мир, на почитување на правата на секој народ на постоење и живот во слобода, признавање на сопствените независности и зачувување на сопствената култура – порачаа бискупите и објаснија: Тој повик е многу значаен во овој момент зашто и покрај драматичните искуства од минатото, светот во кој живееме и понатаму е подложен на нови закани и насилства. Суровите војни, случаите на геноцид, прогонства и различните облици на фанатизам и понатаму се случуваат, иако историјата нѐ учи дека насилството никогаш не води кон мир, туку напротив, предизвикува уште повеќе насилство и смрт.

Посетите од Папите на Аушвиц

Европските бискупи, освен тоа, се присетија на посетите од папите на концентрациониот логор Аушвиц - Биркенау. Свети Иван Павле II го посети во за време на своето прво Апостолско патување во Полска, на 7 јуни 1979 година, папата Бенедикт XVI на 28 мај 2006 година, а папа Фрањо, чија посета беше одбележана со тивка молитва, на 29 јули 2016 година. Во книгата за впечатоци Светиот Отец напиша: „Господи, смилуј се на својот народ! Господи, те молиме за опрост за толкавата суровост“.

Поттик за молитва

На крајот, европските бискупи повикаа вчера во 15.00 часот, односно во времето на ослободување од концентрациониот логор Аушвиц - Биркенау, да се запалат свеќи и да се моли за луѓето од сите националности и религии убиени во логорите на истребување и за нивните роднини. Нека преку нашата молитва расте помирувањето и братството, кои се спротивност на непријателството, разорните конфликти и недоразбирања – порачаа бискупите и заклучија? Нека во нас преовладува силата на љубовата на Исус Христос.

28 јануари 2020, 19:20