Пребарување

Апостолскиот нунциј и епископот Стојанов се сретнаа со г.г Стефан, архиепископ Охридски и Македонски Апостолскиот нунциј и епископот Стојанов се сретнаа со г.г Стефан, архиепископ Охридски и Македонски 

Апостолскиот нунциј и епископот Стојанов се сретнаа со архиепископот г.г. Стефан

Апостолскиот нунциј во Македонија за време на својот дводневен престој во Скопје на 17 декември 2020 година заедно со епископот Киро Стојанов се сретнаа со архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан

На средбата нунциот Пекорари ги пренесе до архиепископот Стефан поздравите на Светиот Отец папата Фрањо, а потоа соговорниците се осврнаа на историскиот настан за апостолската посета на 7 мај и доаѓањето на папата Фрањо во Македонија, како и на неговите зборови на охрабрување и надеж, а кои се голем придонес во изградбата на единството и соживотот.

Преку медиумските рефлексии можевме да ги видиме настаните кои ја одбележаа минатата година кај нас и помеѓу другите доаѓањето на папата Фрањо во Македонија беше историски и најголем и беше со најголем оддек. Благодарни сме за неговото доаѓање како и за сеќавањето на неговите говори при неговите аудиенции. Исто така пренесете му ги на Неговата Светост моите поздрави и го очекуваме неговото второ доаѓање“ – рече архиепископот охриски и македонски г.г. Стефан.

На крајот од срдечната средба соговорниците разменија дарови, а апостолскиот нуцниј на архиепископот г.г. Стефна му подари монографија од Апостолската посета во Бугарија и Македонија, а во издание на Апостолската нунцијатура.

17 јануари 2020, 21:25