Cerca

Vatican News
Директорот на Радио Марија о. Гоце Костов со директорот на Комисијата за односи со верските заедници во Македонија г-дин Даријан Сотировски Директорот на Радио Марија со директорот на комисијата за односи со верските заедници во Македонија 

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници го посети студиото на Радио Марија во Струмица

Директорот на Радио Марија о. Гоце Костов во студиото на Радио Марија во Струмица го прими директорот на комисијата за односи со верските заедници, г-дин Даријан Сотировски

На Празникот Воздвижение на Чесниот Крст Господов, 27 Септември 2019 година директорот на Радио Марија – Благовест о. Гоце Костов заедно со о. д-р Зоран И. Стојанов, декан на Деканатот Свети Кирил и Методиј при Струмичко – скопската епархија во просториите на студиото во Струмица го примија во посета директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-дин Даријан Сотировски.

Средбата се одвиваше во пријатна и срдечна атмосфера, при што о. Гоце Костов му ја претстави работата и програмскиот концепт на Радио Марија – Благовест и беше истакната добрата соработка со Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Директорот на Комисијата г-дин Даријан Сотировски од своја страна ја истакна подготвеноста за понатамошна соработка.

На средбата исто така стана збор и за други теми од заеднички интерес и соработка.

01 октомври 2019, 15:54