Cerca

Vatican News
Кардинал Тагле Кардинал Тагле 

Филипини: Кардинал Тагле ќе крсти околу 450 сиромашни деца

Во сабота, на 28 Септември, кардинал Луис Антонио Гоким Тагле ќе крсти околу 450 сиромашни деца во Катедралата на Безгрешно зачнување, во главниот град на Филипините

Како што е соопштено од Агенцијата АзијаЊуз, оваа иницијатива е дел од програмата за подигање на свеста за бесплатноста на Светите Тајни, што ја започна Архиепископија на Манила.

Покрај Архиепископијата, Фондацијата „Tulay ng Kabataan”, која се грижи за напуштени, сиромашни и болни деца во метрополитанското подрачје на главниот град на Филипини од 1998 година, одигра важна улога во спроведувањето на иницијативата.

Фондацијата „Tulay ng Kabataan“ им помага на сиромашните деца во постигнување целосен личен развој, задоволување на основните потреби и остварување на нивното право на семејство, учење и заштита. Фондацијата работи со деца кои живеат на улиците и во сиромашните квартови, а потоа им помагаат на децата со посебни потреби како и на оние кои преживуваат со копање низ отпадот. Секоја година, приближно 1.500 деца се примени во 36 институции во пошироката област на Манила и блиската провинција Батаан. Покрај тоа, таа им помага на напуштените стари лица.

Фондацијата за време од 21 година спаси повеќе од 55.000 напуштени деца. Меѓу нив е и Дарвин Рамос, кој почина на (23.09), 2012 година, на 17годишна возраст, како резултат на ефектите од мускулната дегенеративна болест. Во август се отвори кауза за негова беатификација.

25 септември 2019, 11:14