Cerca

Vatican News
Христијани од Блискиот Исток Христијани од Блискиот Исток  (AFP or licensors)

Најголемата христијанска заедница во Светата Земја доби нов епископ

Монсињор Јусуф Мата (50) на 2 јуни 2019 година е хиротонисан за епископ на Мелкитско источно католичката Црква во Назарет

Монсињор Мата ја презеема службата надбискуп на Аке, Хаифа, Назарет и цела Галилеја. Ден после хиротонијата во родниот град во мелкитската катедрала во Хаифа свечено е воведен во службата. Со скоро 70.000 верници оваа надбискупија во Галилеја, на северот од Израел, е најголемата црковна покраина во Светата Земја.

Монсињор Мата студирал информатика во Хаифа, потоа влегол во богословијата на Латинскиот патријархат во Бет Јал, а во 1999 година е ракоположен за свештеник. По завршувањето на студиите по црковно право во Рим, ја извршувал службата духовник во Назарет. Надбискупот Мата го наследува монс. Георгес Бакоуни, кој во 2018 година е именуван за епископ на либанскиот главен град Бејрут. Синодот го избра Мата во ноември 2018, а папата Фрањо изборот го потврди на 18 март оваа година. Мелкистската Црква е во единство со Рим и брои околу 1,6 милиони верници од кој половината живеат во странство, пред сѐ во Бразил, Аргентина и Австралија.

05 јуни 2019, 17:14