Cerca

Vatican News
Папата Фрањо со претседателот на Израел Папата Фрањо со претседателот на Израел  (ANSA)

Израелскиот претседател се заблагодари на христијанските заедниц

Израелскиот претседател Ривлин Рувен на средбата во Кустодијата на 3 јуни го истакна големото значење на христијанските Цркви за животот во Светата Земја

За време на посетата на фрањевската Кудстодија претседателот на Израел се заблагодари на присутните верски поглавари за нивната служба и изрази надеж за понатамошен соживот во партнерство и мир.

Државата Израел има обврска кон сите религиски заедници. Верскиот мир во земјата никогаш нема да биде доведен во прашање - истакна Ривлин.

Во многу подрачја на Блискиот Исток христијаните живеат во тешки услови, а скоро насекаде се намалува бројот. Израел е единствената земја во која христијанските заедници растат - напомена претседателот Ривлин. Тој изрази задоволство за зголемениот број на поклоници во Светат Земја како и на тамошната жива заедница. Исто така се радува што христијанските заедници се договорија за реставрација на базиликата на Светиот Гроб, што е во интерес за сите посетители на светите места.

На средбата во Кустодијата во Ерусалим на 3 јуни присуствува верските поглавари на православната, арменската и латинската Црква во Светата Земја.Традиционалната средба на претседателот на Израел со христијанските поглавари веќе со години се одржува во касна пролет.

05 јуни 2019, 17:09