Пребарување

Vatican News
Волонтери за Папата Волонтери за Папата 

Волонтери за Папата

Во рамките на подготовките за посетата на папата Фрањо на Македонија, на 9 април 2019 година во организација на Македонски Каритас, во салата Света Мајка Тереза во парохијата „Раѓање на свети Иван Крстител“ - Струмица, се одржа информативна средба за волонтери.

Средбата започна со приказ на видео во кое беше пренесен говорот на Папата до младите за време на Светскиот ден на млади кој се одржа 2016 година во Краков - Полска, во кое Папата нагласува дека Исус „не е Господар на удобноста. За да го следиме Исус потребно е да се одлучиме да го замениме каучот со пар чевли кои ни помагаат да одиме по патишта за кои никогаш не сме сонувале. Не сме на светот за да животот го претвориме во кауч кој нè заспива. Напротив тука сме да оставиме трага. Бог сака нешто од тебе, ги сака твоите раце, за да продолжи да го изградува денешниот свет“.
За големината на дарувањето и смислата на волонтерството се осврна Анита Мартинчевиќ, додека Силвер Митев се фокусираше на практичниот дел односно кои би биле задачите на сите оние кои како волонтери би сакале да се вклучат и да помогнат околу пречекот на Папата.
Претходна иста таква информативна средба за волонтери се одржа и во Скопје во просториите на Македонски Каритас.
 

12 април 2019, 08:48