Пребарување

Vatican News
Олтарот на базиликата Света Марија Велика Олтарот на базиликата Света Марија Велика  (©Pavel Losevsky - stock.adobe.com)

Пресвета Богородица пример за вера и надеж

Велика сабота е посебно нејзин час во кој Таа Сионската ќерка Мајка на црквата го проживеала најголемото искушение на верата и единството со својот Син, Спасителот на светот.

На Велика сабота целата Црква се собира во срцето на Марија, Ќерката сионска, Мајка на Црквата која на тој ден го проживеала своето најголемо искушение, искушението на верата и единството со својот проживува Спасителот – рече кардиналот Станислав Рилко архипрезвитер во базиликата Света Марија Велика во Рим зборувајќи за Девицата која во воскресното бдение Црквата ја слави во т.н. „Мајчин час“.
Во многу катедрали и католички цркви во светот и во Рим, па и во базиликата која во IX век била домаќин на првото византиско литургиско славење кое го предводеле светите Кирил и Методиј односно во Света Марија Велика токму кардинал Рилко утрото на 20 април 2019 година ја предводеше Молитвата на верниците користејќи литургиски текстови од византиската и православната Црква за да се истакне внатрешната врска која обединува, во верата која ја исповедаат и слават Истокот и Западот, тие „две белодробни крила“ на Црквата како што ги нарече папата свети Иван Павле II.
Тоа е славење кое ги допира чувстата на верниците, кое го допира срцето и дава да се живее Велигден под водството на Мајката на Откупителот. Молитвите ги анимираше хорот „Jubilate Deo“ под водство на сестра Долорес Агуире со текстови, псалми, читања и тропари кои ги подготви отец Ермано Тониоло од редот на Богородичните службеници, директор на Центарот за маријанска култура во Рим и пензиониран професор на Папскиот теолошки факултит „Marianum“.
Зборувајќи за Радио Ватикан за значењето на „Мајчиниот час“ и за примерот кој Марија може да го претстави на човештвото во моментите на очекувањето на воскресението на Синот Божји Кој стана човек, кардинал Рилко ги истакна зборовите на света Елисавета: „И блажена е таа, која поверува.“ Па кардиналот го нагласи учењето на „верата и надежта“ кои Пресвета Богородица ни ги дава во моментите кога сите други, па и учениците се чувствувале изгубени.
Мајката знае дека Оној Кој умре и Кој е закопан ќе се врати со слава – рече кардиналот и продолжи: Таа е пример за доживување на болка во моменти на темнина кога Бог на некој начин е отсутен не затоа што повеќе не е таму, туку затоа што не се доживува. Таа е таму, стои, живее, се препуштила на волјата на Отецот небесен повторувајќи го на друг начин она ДА од кое сè започнало во нејзиниот назаретски дом.
Велика сабота е посебен ден во Црквта; нејзината духовна клима многу добро го опишува христијанскиот писател кој напишал: „Денес на земјата е голема тишина и осаменост. Бог Кој стана човек заспа и ги разбуди оние кои со векови спиеле.“ Тоа е денот на големото очекување и токму на тој единствен ден многу верници се собираат за да го слават т.н. „Мајчин час“ – рече кардинал Рилко и додаде: Велика сабота посебно нејзиниот час во кој Таа,Сионската Ќерка, Мајката на Црквата го доживува најголемото искушение на верата и единството со својот Син Спасителот на човекот.
На Велика сабота Дева Марија Тажната Пресвета Богородица се појавува на гробот на својот Син како слика на Црквата која бдее над гробот на Свршеникот, чекајќи да го прослави Неговото воскресение – рече кардинал Рилко и напомена: Тоа е многу важна димензија, посебно за базиликата Света Марија Велика затоа што се сеќаваме дека овде по одобрувањето на литургиските книги од папата Адријан II во IX век токму во оваа базилика светите Кирил и Методиј прв пат служеле византиска Литургија.
Затоа прославата на „Мајчиниот час“ е вдахната од византиската традиција, дел од долгата традиција на љубов кон Мајката Божја, нашата базилика која со векови била мост помеѓу Истокот и Западот – рече кардиналот Рилко и објасни: Славењето се состои од псалми, читања и пеење на т.н. „тропари“ од византиската Литургија кои се вистински поезија стихови кои многу добро ги насликуваат чувствата на Богородичното срце. Тоа е славење кое навистина го допира срцето и ни овозможува да ја сфатиме суштината на Воскресението под водство на Мајката на Спасителот, жена на надежта.
Пресвета Богородица на Велика сабота е жена на тишината, но и жена на верата. Да се сетиме на зборовите на Елисавета: „И блажена е таа, која поверува.“ Пресвета Богородица е жена на верата која верува и во моментот на Навестувањето и во овој последен момент на големо искушение на верата за Црквата која се раѓа. Пресвета Богородица на тој посебен ден нè учи на верата и надежта, надежта како што вели свети Павле против секоја надеж. Во моментот кога сите останати се чувствуваат загубени, во Неа, во нејзиното срце верата на Црквата останала недопрена. Затоа Вториот ватикански собор вели дека Марија е Таа која со ходочастие на верата и претходи на целата Црква, а посебно на таа прослава, таа висина можеме да ја допреме со своите раце – заврши кардиналот Станислав Рилко.

20 април 2019, 17:09