Папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов Папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов 

Ангел Господов: Да ги отвориме очите за понизното и скриено Божјо присуство

Ангел Господов: Да ги отвориме очите за понизното и скриено Божјо присуство Пред молитвата Ангел Господов, папата Фрањо се осврна на Евангелието од неделната Литургија, во кое се опишува како Исус е отфрлен од луѓето во неговиот роден крај.

Исус е презрен во својот Назарет затоа што неговите сонародници не ја прифаќаат соблазната со воплотувањето, не прифаќаат дека Синот Божји е син на дрводелецот, дека преку него Господ станува близок со нас, живеејќи ја нормалноста на нашето секојдневие и не е апстрактен и далечен или бог со посебни ефекти - рече папата Фрањо во обраќањето пред молитвата на Ангел Господов во недела 4 јули 2021 година, при што зборуваше за недовербата на луѓето од Назарет опишана во Евангелието според Марко.

Многумина што го слушаа Исус се прашуваа од каде сета оваа мудрост; зарем тој не е син на дрводелецот и на Марија, односно на нашите соседи кои добро ги познаваме? На таквата реакција Исус одговара потврдувајќи ја вистината, која стана дел од народната мудрост: „Пророкот никаде не останува без почест, освен во својата земја, меѓу роднините, и во својот дом.”

Жителите од Назарет го познаваа Исус, но не го препознаваа - рече Папата и објасни: Затоа што, можеме да знаеме разни работи за една личност, да си создадеме идеја, да се потпреме на она што другите го велат за него, можеби ќе го сретнеме повремено во соседството, но сето тоа не е доволно. Тоа е - според Папата - површно знаење, кое не ја препознава посебноста на таа личност. Тоа е опасност која се заканува на сите; мислиме дека знаеме многу за една личност, а најлошото е што го етикетираме и го затвораме во нашите предрасуди.

Исто така, Исусовите сонародниците го познаваат веќе триесет години и мислат дека знаат сè за Него, но никогаш виснински не сфатиле кој е Исус. Тие се задржуваат на надворешноста и ја отфрлаат Исусовата новост. Кога ќе дозволиме да преовладува удобноста на навиката и диктатурата на предрасудите, тешко е да се отвориме за новостите и да се препуштиме на чудењето. Проверуваме, по навика и предрасуди. На крајот, честопати од живот, од искуствата, па дури и од луѓето бараме потврда на нашите идеи и шеми, така што никогаш не би се мачиле нешто да промениме.

Ова може да ни се случи и на нас верниците, со Господ - забележа Папата - ние кои мислиме дека го познаваме Исус и дека е доволно за нас секогаш да ги повторуваме истите работи. Но, за Бог тоа не е доволно. Без отвореност кон новоста и Божјите изненадувања, без чудење, верата станува уморна литанија, која полека ослабува. Исусовите сонародници не го препознаваат и не веруваат во него, затоа што за нив е скандалозно што Божјата неизмерност се објавува во маленкоста на нашето тело, дека Синот Божји е син на дрводелец, дека божеството се крие во човештвото, Бог престојува во лице, со зборови, со гестови на обичен човек. Бог се воплоти; Бог е понизен, Бог е нежен, Бог е скриен; Бог ни се приближува, живеејќи во нормалноста на нашето секојдневие.

И на нас, како и на Исусовите сограѓани може да ни се случи кога ќе помине, да не го препознаеме - рече Папата, потсетувајќи се на зборовите на Свети Августин: Се плашам од Господ кога ќе помине (Timeo Dominum transeuntem) и го охрабри верниците да ја замолат Богородица да даде нашите очи и срца бидат ослободени од предрасуди и отворени за чудење, за Божјите изненадувања, за Неговото понизно и скриено присуство во секојдневниот живот.

https://www.youtube.com/watch?v=TRSsWpefijk
05 јули 2021, 08:58

Што е Ангел Господов

Ангел Господов е молитва која се моли три пати на ден во спомен на вечната Тајна на Овоплотување: во 6 часот наутро, точно напладне и навечер околу 18 часот, во моментот кога бие камбаната за Ангел Господов. Името Ангел Господов произлегува од првиот стих на молитвата – Ангел Господов ја поздрави Марија – која се состои од кратко читање на три едноставни текста кои се однесуваат на Овоплотувањето на Исус Христос и молење на три Радувај се Маријо. Оваа молитва ја моли Папата на плоштадот Свети Петар точно напладне во недела и за време на големите празници. Пред молењето на Ангел Господов, Папата има и еден мал наговор поврзан од дневните читања. Потоа следат поздрави до поклониците. Од Велигден па сѐ до Духовден, наместо Ангел Господов се моли Царице Небесна, која е молитва во спомен на Воскресението Христово, на крајот од истата се моли три пати Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >