Папа Фрањо и претседателот Александар Вучиќ Папа Фрањо и претседателот Александар Вучиќ  

Папата го прими српскиот претседател Вучиќ

Папата Фрањо го прими српскиот претседател Александар Вучиќ во Ватикан во четврток, на 12 септември.

Претседателот Вучиќ потоа се состана со државниот секретар на Папата, кардиналот Пиетро Паролин и со секретарот за односи со државите архиепископот Пол Ричард Галагер.

Во соопштението од Светиот Престол се вели дека разговорите биле срдечни и отворени и беше исто така изразено задоволство од добрите односи меѓу Светиот Престол и Србија. Беше истакнат и придонесот на католичката заедница за доброто на земјата, особено на социјалното поле. Се зборуваше за состојбата во земјата и чекорите кон европската интеграција. Тие разговараа и за прашања од заеднички интерес во регионалниот контекст, особено за важноста од промовирање на плодна соработка меѓу народите во служба на мирот и позитивната улога што религиите би можеле да ја имаат во процесот на помирување.

15 септември 2019, 15:11