1660414409442.jpg

Светиот Престол изрази загриженост за ситуацијата во Никарагва

Светиот Престол изрази загриженост за ситуацијата во Никарагва Постојаниот набљудувач на Светиот Престол во Организацијата на американските држави изразува загриженост за социјалната и политичката ситуација во Никарагва, повикувајќи на дијалог кој ќе служи за општото добро.

Говорејќи во четврток на специјалната сесија на Постојаниот совет на ОАД, фокусирајќи се на ситуацијата во Никарагва, монс. Хуан Антонио Круз Серано, постојан набљудувач на Светиот Престол во изјавата истакна дека „Светиот Престол не може да не ја изрази својата загриженост во овој поглед, истовремено уверувајќи ги оние кои се посветени на дијалогот дека тоа е неопходниот инструмент на демократијата и гарант за похумана и братска цивилизација со која секогаш сака да соработува“.

Тој додаде дека „Светиот Престол апелира до страните да најдат начини на разбирање, засновани на почит и меѓусебна доверба, барајќи пред се заедничко добро и мир“.

15 август 2022, 10:13