Vatican News
Сестра Евгенија Бонети Сестра Евгенија Бонети 

Размислувањата за Крстниот пат во Колосеумот посветен на жените во ропство

На 17 април 2019 година во Канцеларијата за печат на Светиот Престол сестра Евгенија Бонети која ги подготви размислувањата за Крстниот пат кој ќе се одржи во римскиот Колосеум на Велики петок се сретна со новинарите.

Во очите на сестра Евгенија Бонети се наѕира мир; истиот оној мир кој голем број жени отстранети од улиците го пронашле благодарение на неа која ги ослободила препознавајќи ја во неа денешната Вероника. На средбата со новинарите која се одржа на 17 април 2019 година во Канцеларијата за печат на Светиот Престол мисионерката од редот на Пресвета Богородица од утехата зборуваше за својот живот одразен во размислувањата за Крстниот пат кој ќе се одржи на римскиот Колосеум на Велики петок.
Кога таа задача ѝ ја доверил кардиналот Џанфранко Раваси претседател на Папскиот совет за култура, сестра Евгенија веднаш се согласила и рекла „да“, меѓу останатото – како што објасни, затоа што негативниот одговор не доаѓал во предвид. Нејзиниот сон - рече – Колосеумот на местото на страдање во минатото денес да се соберат болките на голем број жени без лице, без име, без надеж со кои се постапува според начелото „употреби и фрли.“ Сите сме повикани на одговорност – е мислењето на сестра Евгенија, затоа што во игра се големи износи кои се заработуваат на кожата на сиромашните. Сите имаат корист од тоа освен тие – напомена и предупреди дека не смее да се уништува животот на тие луѓе.
Зборувајќи за себе мисионерката го спомна времето долго 24 години кое го поминала во Кенија, меѓу младите кои сакаат иднина, а потоа и за враќањето во Италија во центарот за помош на мигранти. Не сакав да бидам таму, моето место беше во Африка – рече таа. Но средбата со Марија млада проститутка го променува нејзиниот живот.
Моето преобраќање помина низ крикот на таа жена која дојде да бара помош, но јас немав време да ја слушам затоа што почнуваше светата Литургија. Дојде со мене во црквата; сите ме гледаа, затоа што беше чудно да се види монахиња заедно со девојка од улица. Додека се молев го слушнав нејзиниот плач. На неа ѝ беше простено, а јас од светата Литургија си заминав многу потресена што таа ноќ не можев да спијам. Господ ми го покажа патот по кој треба да одам – рече монахињата која оттогаш се посветила на спасувањето на жените од кои голем број од нив во неа гледаат мајка.
 

19 април 2019, 22:27