Vatican News
Папата пристигна во Будимпешта Папата пристигна во Будимпешта 

Папата пристигна во Будимпешта

Папата Фрањо пристигна во Будимпешта утрото во недела 12 септември 2021 година, првата дестинација на неговото апостолско патување, каде што покрај унгарската престолнина ќе ги посети и словачките градови Братислава, Кошице, Прешов и Шаштин.

За време на летот, Папата накратко ги поздрави новинарите што го придружуваа на папскиот лет. Веднаш по пристигнувањето на меѓународниот аеродром, Папата се упати кон Музејот за ликовни уметности каде ќе се сретне со највисоките претставници на политичкиот живот, унгарскиот претседател Јанош Адер и премиерот Виктор Орбан. Средбата ќе трае околу половина час, од 8,45 до 9,15 часот, кога на истото место е планирана средба со бискупите од таа земја.

Темата на триесет и четвртото апостолско патување на папата Фрањо е: „Со Марија и Јосиф на пат кој води до Исус“.

12 септември 2021, 11:21