1610625273050.jpg

Бенедикт XVI ревносно се моли за папата Фрањо по операцијата

Надбискупот Георг Генсвајн личниот секретар на Бенедикт XVI за италијанските медиуми рече дека почесниот Папа „со љубов ги насочува своите мисли кон папата Фрањо и ревносно се моли за него.“

Почесниот папа Бенедикт XVI се моли за папата Фрањо после операцијата на која беше подложен во неделата, пишува CNA.

Надбискупот Георг Генсвајн личниот секретар на Бенедикт за италијанските медиуми рече дека почесниот Папа „со љубов ги насочува своите мисли кон папата Фрањо и ревносно се моли за него.“

Папата Фрањо закрепнува во римската болница Џемели после операцијата на дебелото црево. Операција која е изведена под општата анестезија траеше околу три часа.

На 6 јули ватиканскиот гласноговорник Матео Бруни рече дека 84 годишниот Папа „добро одмарал во текот на ноќта“, доручкувал, читал весници и шетал во текот на утрото. Постоперативното закрепнување на Папата тече нормално, додаде Бруни. (...)

Минатата недела папата Фрањо му се заблагодари на 94 годишниот Бенедикт XVI за неговата континуирана молитва за Црквата нарекувајќи го „контемплативец во Ватикан“. (...)

09 јули 2021, 18:45