Папата именува нов нунциј во Израел и Кипар
Надбискупот на Монтекорвин Адолф Тито Ј’лан воедно е именуван и за апостослки делегат во Ерусалим и Палестина.
Монс. Ј’лан е роден на 6 февруари 1948 година во Нага Сити на Филипините. За презбитер на надбискупијата Кацерес е ракоположен во 1972 година. Докторирал на Папскиот латерански универзитет во Рим. Во дипломатската служба на Светиот Престол влегува во 1984 година и работи во папското претставништво во Гана, Шри Ланка, Турција, Либан, Унгарија и Тајван. За епископ во 2002 година го именува светиот Иван Павле II и го именува за апостолски нунциј во Папа Нова Гвинеја. Службата нунциј ја извршувал и на Соломонските острови, Пакистан, Конго и Австралија.
На новата служба го наследува надбискупот Леонардо Гирелија кој во март е именуван за апостолски нунциој во Индија.