Папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов на 5 јули 2020 година Папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов на 5 јули 2020 година 

Ангел Господов: Новото човештво не го градат моќниците, туку понизните и кротките

Папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов на плоштадот свети Петар зборуваше за евангелието од светата Литургија и потсети дека Исус и денес од сите луѓе бара добра волја и да бидат понизни и благи како Тој, да се помага на сиромашните, а од Црквата бара да е навестува Евангелието.

Црквата е повикана да врши дела на милосрдието и да го навестува евангелието на сиромашните -  рече папата Фрањо во недела 5 јули 2020 година пред молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар. Евангелието од денешната Литургија Исус го навестува во три дела (Матеј 11,25-30) – рече Светиот Отец и истакна: Пред сѐ ја кажува химната на благослов и благодарност на Отецот, затоа што на сиромашните и малите ги објави тајните на Царството Божјо, пота го открива тесниот однос, кој постои помеѓу Него и Отецот и на крајот повикува да одиме кај него и да го следиме како би добиле спокојство.

Најпрво Исус го фали Отецот, затоа што тајните од своето Царство ги сокрил од „мудрите и разумните“ – рече Светиот Отец и објасни: така ги нарекува со вело прикриените подбивања, затоа што е сметаат за такви и имаат затворено срце. Таинствата на својот Отец Исус ги објавува на „малите“, оние кои со доверба се отвораат на неговите спасителни зборови, чувствуваат потреба за него и очекуваат сѐ од него.

Потоа Исус објаснува дека сѐ има примено од Отецот – рече папата Фрањо и додаде: Го нарекува „мој Отец“, како би го потврдил единственоста на својот однос со него. Имено, само помеѓу Отецот и синот постои потполн взаемен однос, едниот го познава другиот и едниот живее во другиот. Но тоа заедништво е единствено како цвет кој цвета за да ја објави бесплатно својата убавина и добрина. И еве тука е Исусовиот повик: Дојдете кај мене... Тој сака да ни го дарува она што го црпи од Отецот.

Како што Отецот два предност на „малите“, така обраќа Исус на „изморени и обременети“ - рече Папата и напомена: Секако, се вбројува меѓу нив, бидејќи е „кроток и смирен по срце, како во првото и третото блаженство, за кротките и бедните по дух, и за благите (Матеј 5,3.5). Исус сето тоа го живее со потполно посветување на Отецот и од него ја црпи својата наука која ја нарекува „јарем“, како што се нарекувал оној јарем на законот и разните учители.

Меѓутоа Исус ветува „благ и лесен “ јарем заради две причини – рече Светиот Отец и објасни: Затоа што доаѓа од Бог отецот и затоа што и тој самиот е под тој јарем, како би го носел заедно со нас. Така Исус е „благ и понизен“ затоа што не е пример за разочараните, ниту едноставно жртва, туку човек кој со „срце“ ја живее таа состојба во потполна отвореност кон љубовта на Отецот, односно Светиот Дух. Тој е пример за „бедните по дух“ и сите други евангелски блаженици, кои ја извршуваат Божјата волја и сведочат за неговото Царство.

Утехата која Исус ја нуди на изморените и обременетите, не е само психолошко олеснување или обилно дарување на милостина, туку радост на сиромашните што го примиле евангелието и дека се градители на нов човештво – рече папата Фрањо и додаде: Тоа е порака за сите луѓе со добра волја која Исус и денес ја упатува на светот кој се возвишува, кој станува богат и можен, без разлика на средствата и кои понекогаш ја газат човечката личност и неговото достоинство. И тоа е порака до Црквата која е повикана да прави дела на милосрдие и да го навестува Евангелието на сиромашните.

Марија, најпонизната и најголемата меѓу созданијата нека измоли од Бог мудрост на срцата, како би знаеле неговите знаци во нашите животи да ги распознаваме и да бидеме соучесници на тие тајни кои се сокриени за горделивите, а се обкјавуваат на понизните – рече на крајот папата Фрањо.

05 јули 2020, 18:15