Папата и хрватскиот претседател Пленковиќ Папата и хрватскиот претседател Пленковиќ 

Папата го прими хрватскиот претседател Пленковиќ

Папата во аудиенција го прими хрватскиот претседател Пленковиќ, кој потао се сретна и со државниот секретар кардинал Паролин.

Папата Фрањо на 6 февраури 2020 година во аудиенција го прими хрватскиот претседател Андреј Пленковиќ, кој потоа се сретна со Папскиот државен секретар кардинал Пленковиќ и архиепископот Паул Галагер, секретар за односи со државите. За време на срдечниот разговор во Државниот секретаријат е изразено задоволство од добрите билатерални односи, како и намерата да продолжи соработката на подрачјата од заеднички интерес – соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол

Освен тоа станало збор и за главните обврски во шестмесечното претседавање на Хрватска со Советот на Европската унија, со посебен осврт на предизвиците кои се однесуваат на Европа. На крајот се разговарало и за разни меѓународни и регионални теми, меѓу кои и ситуацијата на хрватскиот народ во Босна и Херцеговина, миграцијата, мирот и сигурноста – стои во соопштението од Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

06 февруари 2020, 23:35