Папата Фрањо во видео пораката Папата Фрањо во видео пораката 

Папата до Обединетите нации за климата: Работете чесно, храбро и одговорно

По повод отворањето на светскиот собир на Обединетите нации во Њујорк за климатските промени, папата Фрањо испрати видео порака до учесниците во која зборува за предизвиците, нестабилната ангажираност на државите и охрабрува да се искористат можностите кои сѐ уште постојат за спасувањето на светот кој страда.

Климатските промени се една од најтешките и загрижувачки појави на нашето време пред кои е потребен заеднички одговор, реална политичка волја и нови начини на потрошувачка во согласност со човечкото достоинство – рече папата Фрањо во видео пораката на тема која му е многу драга и која е во центарот на енцикликата „Лаудато си“ и изрази загриженост до шефовите на државите и владите, претприемачите и невладините организации кои на 23 септември 2019 година, учествуваа на Самитот за климатското промени во 2019 година. Собирот го организираа Обединетите нации на Генералното собрание на кое заради временското ограничувње на нејзините работи е испратено резиме од видео пораката на Папата.

На расправата како што рече и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш се напорите на секој човек со оглед на 25 конференција на Обединетите нации за климатските промени која ќе се одржи во декември во Чиле. Потребни се конкретни планови, не само изјави – истакна Гутераш, за во следната деценија да се намали загадувањето од стакленичките гасови за 45% како што е договорено со Парискиот договор од 2015 година, за да се запре градењето на нови електрани на јаглен и да престане да се финансира фосилната енергија.

Папата се осврна на заслугите на патот по кој се помина од Парискиот договор до сега за да се доведе во прашање реалната ангажираност на државата која во последните четири години сѐ уште е многу непостојана и далеку од поставените цели. Човештвото на почетокот на 21 век мора да се потсетува на големите одговорности кое ги преземало – рече Светиот Отец и напомена: Време има како што има решение за уништувањето кое е човечко, етичко и општестено отколку да е еколошко.

Треба да се обноват начините на производство и потрошувачка, процесите на одгледување и сензибилизација; друг вид на напредок кој е во служба на човекот, мирот и животната средина и по мерка на човечкото достоинство. За таа цел се потребни три морални квалитети: чесност, храброст и одговорност – заврши папата Фрањо на крајот од видео пораката.

24 септември 2019, 15:41