Папата: Животот е свет затоа што е Божји дар
Поздравувајќи ги полските поклоници дојдени во Рим, на крајот од аудиенцијата одржана на плоштадот Свети Петар на 12 јуни 2019 година, Папата Фрањо истакна дека човечкиот живот мора да биде заштитен во секоја негова фаза. Треба да се брани и треба да му се служи од мајчината утроба па до касната старост, кога е обележан со болести и страдања. Не може да се уништи и не смее да биде предмет на експериментирање и лажни претставки. Животот е свет, затоа што е Божји дар.
Папата исто така поттикна на молитва како човечкиот живот секогаш би бил почитуван, сведочејќи така за евангелските вредности посебно во семејството. Во Полска минатата недела, во повеќе градови, илјадници луѓе учествуваа на „Марш за живот“. Со тој настан посебно е побарано да не се започнува со програмите за сексуално воспитување во училиштата