Архиепископот Васил беше примен од претседателот Пандаровски и архиепископот Стефан
На средбата соговорниците изразија задоволство од политичките, историските и културните врски меѓу Македонија и истакнаа дека афирмацијата и популаризацијата на современиот македонски јазик, литература и култура во Словачка придонесува за унапредување на пријателските односи меѓу Македонија и Словачка.
По средбата со претседателот Пендаровски Словачката делагација ја посети НУ Спомен куќа на Мајка Тереза во Скопје.
Во попладневните часови епископот Стојанов заедно со архиепископот Кирил Васил и воениот ординариј Франтишек Рабек го посетија Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, каде во срдечна атмосфера разговараа за актуелности од Македонија и Словачка.
Својот престој го завршија со посета на Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје каде се поздравија со верниците, кои беа пристуни на светата Литургија.