Во градот Мексико ќе се започне со богослужби за сите верници
Поради ширењето на пандемијата со коронавирусот и затворањето, повеќе од 4 месеци верниците од тој град не можеа да присуствуваат на богослужбите. Надбискупот ги поттикна паросите и свештениците првата света Литургија со верниците, да ја служат на 26 јули и да ја прикажат за сите луѓе кои починаа од болеста КОВИД – 19, за семејствата кои тагуваат и за здравствените работници од тој град.
Кардиналот ги потсетува паросите дека во црквите ќе може да влезат само 20 % од можниот број верници и дека здравјето на верниците секогаш мора да биде на прво место. Поради тоа црквите кои се наоѓаат во црвените зони, на многу ризични подрачја кои ги означи владата на градот Мексико, ќе мора уште малку да причекаат. Секој управител на парохија, парохиска канцеларија или капела во договор со бискупскиот викар за тоа подрачје, ќе одлучат за датумот и начинот на повторното активирање на одговорен, постепен и необразувачки начин.
Парохјаните ќе може да одлучат кога и како ќе се придружат на литургиските и пасторалните активности. На крајот кардиналот ги поттикна паросите да го почитуваат договорениот протокол и благодарение на него веќе некои парохии можеа да го организираат постепеното повторно враќање на литургиските славења.