COMECE: Проширувањето на ЕУ во други земји би било „силна порака за надеж“
Заедници обединети околу големите вредности се способни да „гарантираат мир, слобода, демократија, владеење на правото, почитување на човековите права и просперитет“, беше почетната интуиција на татковците-основачи. Потоа, по создавањето на Европската унија, пред точно дваесет години, дојде време да се зголеми со влез на уште 10 земји членки: Чешка, Кипар, Естонија, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија и Унгарија. Сега, по „извесен замор од проширувањето“, војната што избувна на истокот на континентот „даде нов поттик за идни пристапувања во Унијата, особено во однос на земјите од Балканот и Источна Европа“. А тоа, „освен што е геополитичка неопходност за стабилноста на нашиот континент“, станува „силна порака на надеж“, одговор за граѓаните на земјите кандидати „на нивната желба да живеат во мир и правда“.
„Пресвртница“
Европските бискупи на COMECE, собрани во Ломжа, Полска, на пролетното пленарно заседание, усвоија декларација во која повторно сакаат да ја потврдат позитивната позиција за проширување на границите на заедницата, потсетувајќи дека „Католичката црква внимателно го следи процесот на европска интеграција од нејзините почетоци.“ Дваесет години по првото „историско проширување на ЕУ“, пишуваат тие, тој чекор бил „пресвртница во процесот на европеизација“ на Унијата, чекор напред кон „она што е повикана на биде“, т.е. „силно сведоштво за нашето време како братската и сестринската соработка, во потрага по мир и вкоренети во заедничките вредности, може да надвладее над конфликтите и поделбите“.
Да се развие чувство на припадност
Во декларацијата, бискупите забележуваат дека и со „цврста политичка и економска интеграција“, во европските општества не е развиен „автентичен дијалог“ меѓу „националните реалности, култури, историски искуства и различни идентитети“. „Додека целосно не се развие вистинскиот европски дух, кој вклучува чувство на припадност кон истата заедница и заедничка одговорност, довербата во Европската унија може да биде ослабена и создавањето единство може да биде загрозено со обиди да се пласираат одредени интереси и тесна визија над општото добро“, пишуваат бискупите на COMECE.
Проширување е двонасочен процес
Европскиот епископат потсетува и дека процесот на пристапување во ЕУ е „двонасочен“. Тој бара од земјите кандидати да „спроведат структурни реформи“ во „клучните“ области, како што се владеењето на правото, зајакнувањето на демократските институции, основните права, вклучително и верската слобода и слободата на медиумите, борбата против корупцијата и организираниот криминал, „избегнувањето двојни стандарди во третман на земјите кандидати“. А за ЕУ, проширувањето мора да се гледа како „можност за актуелизирање на идејата за обединета Европа, вкоренета во практичната солидарност“, особено кон „најранливите членови на општеството“, токму какви што беа идеалите на основачите.
Визијата за Европа на Свети Иван Павле II за Европа
На крајот - се заклучува во декларацијата на Советот на бискупските конференции на Европската унија – останува жива визијата за Европа на Свети Иван Павле II која е способна да „дише со своите две белодробни крила. И, како што им рече папата Фрањо на бискупите на континентот минатата година, знае како да го заштити „единството во различностите живеејќи ги „принципите на супсидијарност, почитување на различните традиции и култури“, избегнувајќи го патот на „идеолошкото наметнување“.