Руските католички бискупи повикаа на прекин на војната со Украина
„Ние, како и сите вие, сме длабоко шокирани што политичкиот конфликт меѓу Русија и Украина, и покрај големите напори за помирување, се претвори во вооружен конфликт“, истакнуваат петте бискупи. „Овој конфликт носи смрт и уништување и ја загрозува безбедноста на целиот свет“, предупредуваата католичките бискупи во Русија. Тие истакнуваат дека рускиот и украинскиот народ не само што имаат заедничка историја, туку во минатато многу страдале од „лудилото на војната“. Бискупите повикаа на молитва и света Миса за мир.
Бискупот од Саратов во југозападна Русија, Клеменс Пикел напиша на својот блог: „Денес се молевме од утро до вечер. Немаше ништо поважно“. Скоро еден процент од Русите се католици.
За прекин на војната повика и претседателот на Католичката бискупска конференција на Белорусија, бискупот Алех Буткевич. Во Белорусија, Католичката црква е втора по големина верска заедница. Во неа припаѓаат околу десет отсто од граѓаните.