Почина поглаварот на Српската православна црква патријархот Ирен
Српскиот православен патријарх Иринеј почина од коронавирус на 90-годишна возраст
Во петок, 20 ноември 2020 година, во 07:07 часот, во Ковид болницата при Воената болница „Карабурма“ во Белград, се упокои во Господа Неговата Светост Архиепископот Пеќски, Митрополит Белградско-Карловски и Патријарх на Србија г. Иринеј (Гавриловиќ) – стои на официјалната страница на Српската православна црква.
Иринеј поради заразата со коронавирусот беше во болница од 5 ноември. Здравствената состојбана патријархот Иринеј значително се влошила ноќта помеѓу среда и четврток, по што денеска тој починал. Со коронавирусот се бореше 15 дена, а во болница бил под постојан надзор на лекарите.
20 ноември 2020, 17:21