Папа Фрањо и екуменскиот  цариградски партијарх Вартоломеј I Папа Фрањо и екуменскиот цариградски партијарх Вартоломеј I  

Патријархот Вартоломеј I испрати порака до Папата и италиjанскиот претседател

Со оглед на пандемијата која овие денови сериозно ја мачи Италија, екуменскиот цариградски патријарх ги вети своите молитви и изрази солидарност и блискост

Екуменскиот цариградски партијарх Вартоломеј I испрати порака до папата Фрањо и италијанскиот претседател Серџо Матарела, изразувајќи солидарност со италијанскиот народ кој е погоден од пандемијата на коронавирус, поради кој до вчера починаа повеќе од 4800 луѓе.

Во своите пораки патријархот го потенцира духот на пожртвуваност и храброст која ја покажуваат луѓето од италијанското јавно здравство и искажува благодарност за големите напори што се прават за да им се помогне на заболените.

Патријархот Вартоломеј во исто време ја искажува блискоста кон семејствата на браќата кои ја изгубија битката против тој подмолен вирус, и посочува дека за време на Великиот пост постојано ќе упатува молитви на Господ и Спасителот Исус Христос за грижа на болните, вечен покој на оние кои го изгубиле животот и за утеха на нивните роднини.

24 март 2020, 14:45