Пребарување

Во светот се „невидливи“ 166 милиони деца Во светот се „невидливи“ 166 милиони деца 

Во светот се „невидливи“ 166 милиони деца

„Пријавете го раѓањето на секое дете до 2030 година – дали сме на правиот пат?“ е насловот на извештајот на УНИЦЕФ, објавен на 11 декември, на 73 роденден на агенцијата на ООН посветена на децата

Во светот има околу 166 милиои деца помали од 5 години кои по раѓањето не се пријавени, што значи дека секое четврто новороденче заради сиромаштво и неразвиеност е жртва на сериозно кршење на правото на државјанство. Освен тоа околу 237 милиони деца односно едно од три, по пријавата не добило извод на родените. Спомнатите податоци ги објави Меѓународниот фонд на ООН за деца (УНИЦЕФ) на 11 декември, на 73 годишнина од своето основање, во извештајот со кој сака да укаже дека послаието кое му е доверено од ООН, во заштита на најзагрозените деца  и понатаму има многу предизвици со кои треба да се соочи.

Истражувањето спороведено во 174 земји во светот покажува дека бројот на пријавени деца во однос на перидот пред 10 години пораснал нешто повеќе од 63 на 75%. И покрај зголемувањето, делот на пријавени деца сѐ уште не е задоволувачки и дека е потребно дополнително да се зголеми. „Поминавме долг пат, но сѐ уште има премногу деца кои не се пријавени“ – изјави Хенриета Форе, Генерален директор на УНИЦЕФ и објасни дека децата без доказ за идентитетот често се исклучени од образованието, медицинската заштита или други услуги од животна важност и се подложени на експлоатација и злоупотреба.

Околу 87% од непријавените деца во светот се наоѓаат во земјите во Jужна Азија и во Субсахарска Африка. Меѓу најчестите пречки кои го отежнуваат пријавувањето се непознавањето на начинот на пријава на детето по раѓањето, потоа високите трошоци за пријавување и добивање на потврда односно дополнителни трошоци за подоцна да се пријави или долгиот пат кој е потребно да се помине за да се дојде до надлежните институции. Обичаите и традициите од различни заедници често многу родители ги одвраќаат или ги наведуваат да се откажат од пријавувањето на детето во дозволениот временски период.

УНИЦЕФ во спомнатиот извештај препорачува преземање на насочени акции со кои би се овозможило секое дете да добие извод на родените, на пример вклучување во заедницата, пружење на повеќе можности за пријава на раѓање на дете, поврзување на пријавата со пружењето услуги од здравствена и социјална заштита и образование, како и вложување во технолошките решнија за да се олесни постапката за пријавување. Секое дете има право на име, државјанство и правен идентитет – изјави Генералната директрка на Меѓународниот фонд на ООН за децата и заврши: Секое подобрување во зголемувањето на стапката на пријавување е добра вест.

11 декември 2019, 19:10