Пребарување

Паола Бонци Паола Бонци 

Почина жената која се посвети на борбата за животот

Паола Мароци Бонци целиот свој живот го посветила на мајките кои имаат потешкотии, обезбедувајќи им секаква помош за да се одлучат за живот на очекуваното дете.

Во петок, 9 август, на 77-годишна возраст, почина наставничката по италијански јазик Паола Мароци Бонци, основач и долгогодишен директор на Центарот за помош на животот, на Клиниката Мангијагали во Милано. Првиот ваков центар во Италија, со седиште во една болница, е основан од Мароци Бонци во 1984 година и придонесе за раѓање на повеќе од 22.000 деца.

Во изјавата објавена од Центарот за помош на животот по нејзината смрт се наведува дека целото нејзино постоење било посветено исклучиво на малите и честопати непосакуваните, а нејзиниот живот на секојдневното слушање на жените и идни мајки кои се наоѓаат во тешкотии.

На 23. годишна возраст Паола Мароци Бонци го губи видот поради болест. Како и да е, со помош на нејзиниот сопруг, таа израсна две деца, борејќи се истовремено што е можно повеќе мајки кои размислуваат за абортус да  одлучат да се породат, и при тоа ништо да не им недостасува. Во склоп на Центарот за помош на животот во Милано, таа им обезбедувала психолошка и материјална помош.

Пишуваше книги и, според соопштението на Центарот, сакала да ги раскажува приказните на децата и мајкита со кои се запознала во повеќе од 34 години посветена работа. И покрај пречките, таа имаше јасна цел пред себе: да го прими и заштити новородениот живот како најубав и најскапоцен дар.

Во интервју за Ватикан њуз во јануари оваа година, Паола Мароци Бонци зборуваше за нејзината посветеност кон жените кои останале сами за време на бременоста и предупреди за потребата да се преиспита односот меѓу маж и жена и да се открие вредноста на почитта и семејството.

На никој никогаш не сме кажале „не“ во нашиот Центар - истакна таа во оваа пригода, изразувајќи задоволство што им се дава помош на илјадници деца да се родат. На крајот од интервјуто, Мароци Бонци се потсети на длабоките корени на нејзината работа во корист на животот и изрази благодарност за даровите што ги доби и за Божествената Промисла што секогаш ја следеше.

15 август 2019, 16:53