Пребарување

Vatican News
Тага заради жртвите во Ел Пасо Тага заради жртвите во Ел Пасо 

Мексиканските епископи повикуваат на дијалог

По масакрот во граничниот американски град Ел Пасо, мексиканските епископи ги повикаа своите сограѓани и властите на разбирање.

 

Токму нетолеранцијата, нетрпеливоста кон странците и дискриминацијата водат кон такво насилство над невините, стои во соопштението на Мексиканската епископска конференција. Кој го негира достоинството на луѓето заради нивната боја на кожа или националност поттикнува таков облик на насилство. Сведоци сме дека говорот на омраза носи само агресија и смрт. Време е да се стави крај на овие насилни дејства. Затоа ги поттикнуваме граѓаните и властите на Соединетите Американски држави и Мексико да промовираат хармоничен дискурс за мир, еднаквост, братство и соработка, истакнуваат епископите.

Дваесет и тригодишниот белец, мотивиран од расна омраза, уби 22 луѓе и повреди десетици во саботата, на 4 август, во трговскиот центар „Волмарт“ во Ел Пасо, Тексас, вклучувајќи голем број Мексиканци. Епископите на Мексико затоа ги повикаа католиците и сите луѓе со добра волја да продолжат да се молат за сите жртви на омраза, како и за ранетите и нивните семејства, да најдат утеха во верата и мирот во Исус Христос.

 

09 август 2019, 08:48