Пребарување

Vatican News
Сестра Еугенија Бонети Сестра Еугенија Бонети 

Светскиот ден на борба против трговија со луѓе. Твитер пораката на папата Фрањо. Ангажирањето на с. Еугенија Бонети

На Светскиот ден посветен на борбата против трговијата со луѓе, папата Фрањо преку својот профил на Твиетр испрати порака во која повикува на молитва и одговор на крикот за помош на жртвите на тоа зло.

Колку солзи сум бришела. Колку страдање сум видела заради нешто што мора да се прогласи за злосторство против човештвото – рече сестра Еугенија Бонети претседателка на здружението „Никогаш повеќе робови“ (Slaves no more onlus), зборувајќи за своето искуство на „мисионерка на улицата“, кое го стекнала во текот на повеќе од 20 години во борбата против трговијата со луѓе, појава која папата Фрањо ја нарече „најраширено ропство во XXI век. И токму денес на Светскиот ден на брбата против трговијата со луѓе (30 јули 2019), Папата на својот профил на Твитер @Pontifex го испрати следниот поттик: „Да се молиме Господ да се ослободат жртвите на трговијата со луѓе и да ни помогне активно да одговориме на крикот за помош на голем број браќа и сестри лишени од нивното достоинство и слобода.“

Светски ден

Трговијата со луѓе е злосторство кое опфаќа 21 милион луѓе, жртви на тешка злоупотреба како што се принудната работа и сексуалното искористување. Токму за да ја сензибилизира меѓународната заедница за состојбата на жртвите и да промовира заштита на нивните права Генералното собрание на Обединетите нации во 2013 година го прогласи 30 јули за Светски ден за борба против трговијата со луѓе.

Ангажирањето на сестра Еугенија Бонети

Приказната пак на сестра Еугенија Бонети започнува на 2 ноември 1993 година. На тој ден ја запознала Марија, млада жена која чукнала на нејзината врата барајќи помош. Ги видов нејзините солзи и од тој момент немав повеќе мир – рече сестра Еугенија во разговор за Ватикан њуз и додава, тогаш Господ ми даде да сфатам дека мојата мисија е да им помогнам на тие луѓе. Навистина од тој ден таа монахиња никогаш не престанала да се бори за жената да ја ослободи од ропството на сексуално искористување.

Робови на XXI век

Многу мислат дека зборот „роб“ припаѓа на културалното наследство од минатото. Меѓутоа и во нашиот век има луѓе кои својот крстен пат го живеат на нашите улици – истакна монахињата напоменувајќи дека пред толку страдање, најголемото зло е рамнодушноста на луѓето кои не прават ништо  за да се прекине страдањето на тие жени ставени на улицата како да се статуи од абанос.

Рамнодушноста – најголемо зло

Сите тежнееме, како што и јас на почетокот ги етикетирав тие жени и кон негрижа во однос на нив. Тоа е страшно, затоа со својата рамнодушност стануваме учесници на искористувањето – предупреди сестра Еугенија потсетувајќи дека и Светиот Отец ја истакнува драматичноста – како што самиот ја нарече во пораката за Светскиот ден на мирот 2016 година – глобализација на рамнодушноста.

Токму заради тоа пријавувањето на таа појава и борбата против неа е голем предизвик за сите луѓе. Каде сме ние  како Црква? – прашува монахињата напоменувајќи дека сите од шефови на држави до одговорни во Црквата би требало да станеме силен глас против тоа зло кое секогаш ги погодува најсиромашните.

Обединети за да ги раскинеме оковите

Само со заедничка работа ќе бидеме голема сила способна да ги раскине оковите на ропството. Единствено ако сме соединети во заедиштвото можеме да станеме глас на оние кои го немаат за силно да ја истакнат нивната болка и да се борат против неправдата. Единствено ако секој од нас раскине една алка синџирот автоматски ќе се прекине и во светот нема повеќе да има робови – истакна сестра Еугенија.

Благодарение на здружението овие години успеавме да тргнеме од улица повеќе од  6000 жени – рече монахињата. Меѓу нив имаше и една 18 годишна бремена девојка која немаше врска со своето семејство. Не сакаше да ѝ каже на својата мајка низ што поминува. Со текот на времето успеавме да ја увериме да се тргне од улицата и да се јави на својата мајка која во телефонскиот разговор ја смири кажувајќи ѝ дека детето секогаш е Божји дар. Таа девојка сега е жена и среќно живее со своето дете кое го крсти папата Фрањо – раскажа сестра Еугенија.

31 јули 2019, 09:14