Пребарување

Сиднеј Сиднеј 

Монах од Австралија добитник на престижната награда за зачувувањето на јазиците на Абориџините

Австралиската Епископска конференција на 27 јули соопшти дека брат Стеве Морели е добитник на најважното австралиско признание ,,Patti-Dawes“ за учење други јазици освен англискиот.

Во соопштението на Австралиската Епископска конференција се истакнува дека зачувувањето и унапредувањето на јазикот на домородното население на Австралија отсекогаш било во срцето на црковното ангажирање. Брат Морели (76), член на Дружбата христијански браќа во Австралија, последните три децении работел на речник на нивниот јазик, на барање на локалните Абориџини. Исто така, тој предавал јазик во областа Гумбајнгир. Благодарение на високото признание, брат Морели истакна дека најголема чест му е да соработува со старите лица и со локалните Абориџини кои се многу горди на своето наследство.

Наградата „Patti-Dawes“ им се доделува на професионалци кои постигнуваат високи нивоа на достигнување во поучувањето на јазици во училиштата, универзитетите или центрите за јазици. Овогодинешното признание „Patti-Dawes“ е претставена во годината што ја прогласи Генералното собрание на ООН како Меѓународна година на домородните јазици, за да се подигне свеста за решавачката улога на јазиците во секојдневниот живот на луѓето. Во Австралија, од оригиналните 250 јазици на Абориџините, се зборуваат само 120, а 90% од нив се изложени на ризик од исчезнување.

31 јули 2019, 08:23