Мозамбик после циклонот Идаи Мозамбик после циклонот Идаи 

Мозамбик: Од колера заболени 1.400 лица

Според официјалните податоци од владата на Мозамбик, заради циклонот во земјата загинаа 598 лица, 1.522 се ранети, а 112.000 домови се уништени или поплавени.

Уништувачките ефекти на циклонот Идаи во Мозамбик и во другите погодени подрачја и понатаму се чувствуваат, а бидејќи поголемиот број заедници сè уште немаат постојан пристап до чиста вода, медицинските потреби најверојатно ќе се зголемат. Официјано се потврдени 1.400 случаи на колера во целата земја, но тимовите на „Лекари без граници“ лекуваа повеќе од 1.000 сомнителни пациенти само во Беири и се подготвуваат да се соочат со порастот на други болести кои ги пренесува водата, освен маларијата и кожните и респираторни инфекции.
Според официјалните податоци на владата на Мозамбик како последица од циклонот во земјата загинаа 598 луѓе, 1.522 се ранети, а 112.000 домови се уништени, оштетени или поплавени. Според податоците на Организацијата на обединетите нации на 1,85 милиони луѓе им треба итна помош. Најмалку 131.000 раселени луѓе нашле засолниште на 136 различни места и многу јавни системи за водоснабдувње повторно се оспособени, поголемиот број заедници – односно илјадници луѓе, сè уште немаат соодветен пристап до чиста вода и електрична енергија. Токму на почетокот на сезоната на жетва, повеќе од 715.000 хектари посеви се уништени. Надвор од градот Беири многу подрачја сè уште се изолирани и примаат мала или никаква помош.
За да се ограничи епидемијата на колера во Беир, организацијата „Лекари без граници“ воспоставија три центри за лекување и води единица за лекување во здравствениот центар на Министерството за здравство и на тој начин може истовремено да се памага на повеќе од 350 пациенти. Лекари без граници исто така основаа единица за лекување со 20 кревети и објект со 10 кревети во градот Бузи. Освен тоа „Лекари без граници“ даваат логистичка, техничка и управувачка поддршка на Министерството за здравство во кампањата за масовно вакцинирање.
Во меѓувреме тимовите на „Лекари без граници“ кои се грижат за прочистувањето на вода инсталираат нова постројка за водоснабдување; една во Чингасури, друга во квартовите на Беир кои најмногу се погодени од епидемијата, а трета во Домбеу за камповите за раселените лица кои се дојдени на тоа подрачје. Во исто време тимовите за промовирање на здравјето доаѓаат во заедниците за да им објаснат на луѓето како да ја прочистат водата која ја имаат, да ги поучуваат на добра практика за да се избегне зараза и што да направат ако се појават симптоми на болести. Освен колерата, големата штетата на здравствената инфраструктура и на медицинската опрема бара значителен напор за да се врати функционирањето на здравствениот систем и на луѓето да им се овозможи примање на основната медицинска грижа, нега на мајките и децата или за хроничните болести како сидата и туберколозата.
 

11 април 2019, 13:13