Пребарување

Во Вашингтон се одржа марш за живот Во Вашингтон се одржа марш за живот 

Во Вашингтон се одржа Марш за живот

На Маршот за живот зборува претседателот на Американската епископска конференција, надбискупот Јосеф Њуман, потпретседателот на САД Мајк Пенс, сенаторот Стив Дајнес, конгресмените Ден Липински и Хрис Смит и други лица од општествениот живот на САД

Во Вашингтон се одржа 46. Марш за живот на кој се учествуваа многу граѓани, политичари, сенатори и конгресмени од целата земја. Учесниците носеа транспаренти со пораки за живот, како што се „Животот започнува со зачнување" и „Стоп за абортусот", и извикуваа слогани, за живот, известува Си-Ен-Ен.

За време на маршот е емитувана видео-порака од американскиот претседател Доналд Трамп. Тој издвоил некои од неговите напори против абортусот, кој вклучуваат скратување на финансиска помош на организациите кои подржуваат или промовираат абортус. Исто така нагласи дека се вклучил и во заштитата на верската слобода на лекарите, медицинските сестри и добротворните организации, кои се противат на абортусот.

„Кога во очи ќе погледнеме новородено дете, во него можеме да ја видеме убавина на човечката душа и величественото Божјо дело. Знаеме дека секој живот има своја цел – изјавил Трамп.

„Врховниот суд пред 46 години му сврте грб на правото на живот. Меѓутоа во тој момент е родено движење, кое е се води од сочуство и љубов, поттикнато од верата и вистината. Движењето од тогаш секојдневно ги освојува срцата и умовите – нагласи потпретседателот Мајк Пенс, кој на Маршот за живот присуствуваше со својата сопруга и лично ја донесе снимката од говорот на американскиот претседател Трамп.

Меѓу учесниците на Марш за живот оваа година бил и 16 годишниот Даниел Пиерини, кој за новинарите на Вашингтон Пост изјавил дека неговата мајка имала проблематична бременост. „Лекарите и кажале дека може да има спонтан абортус и при тоа може и самата таа да умре ако не изврши абортус. Меѓутоа, мојата мајка не прифатила абортус, туку се одлучила за живот“, посведочил Пиерини.

На првиот Марш за живот во 1974 година учествувале околу 20.000 луѓе, а во меѓувреме прерасна во манифестација на која редовно се собираат барем 200.000 луѓе. Во 2013 година на Маршт тза живот учествувале 650 илјади луѓе. Половината од луѓето ја сочинуваат млади лица. Маршот за живот е поддржан од Католичката црква и бројни протестантски деноминации.

15 март 2019, 09:55