Vatican News
Нов Зеланд насилство во две џамии Ноз Зеланд насилство во две џамии  (AFP or licensors)

Сочувство на Папата до муслиманските верници во Нов Зелан

Во име на папата Фрањо телеграма со сочуство и подршка до муслиманската заедница во Нов Зеланд упати Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин

Папата Фрањо длабоко го натажи веста за насилството извршено во две џамии во Christchurch во Нов Зеланд, во кои многу лица се убиени и ранети – стои во телеграмата која ја потпиша Папскиот државен секретар, кардинал Паролин. Светиот Отец на сите Новозеланѓанци, а посебно на муслиманската заедница им ја гарантира својата искрена солидарност.

Свесен за трудот на безбедносните лица и итните служби во таа тешка ситуација, Папата се моли за оздравување на раните. Исто така се моли за утеха на оние кои трпат заради загубата на своите најмили и за сите оние кои се погодени од таа трагедија. Доверувајќи ги загинатите на милосрдната љубов на Семоќниот Бог, на крајот од телеграмата папата Фрањо на целиот новозеландски народ го повикува божествениот благослов за утеха и сила.

Ватикан њуз/к.мк

16 март 2019, 09:22