Евхаристиски конгрес во Будимпешта Евхаристиски конгрес во Будимпешта 

Меѓународен евхаристиски конгрес конгрес во Будимпешта

52. Папскиот одбор Меѓународниот евхаристински конгрес го подготвува 52 меѓународен евхаристински конгрес кој ќе се одржи во Будимпешта од 13 до 20 септември 2020 година.

Меѓународните евхаристиски конгреси кои се одржуваат уште од 1881 година се еден скапоцен облик за обнова на животот на Црквата, врз основа на евхаристиското таинство и евхаристиската духовност, како извор на животот во Христос. Ваквите конгреси со оние националните, покраинските и епископските исто така се милосна можност за покажувањето на Црквата и на нејзиното послание во светот, за појасно да се препознае светотаинската димензија и природа на Црквата.

Меѓународниот конгрес кој ќе се слави во Будимпешта следната година посебно ќе биде свртен кон размислувањето за животната реалност во Средна Европа како и новите задачи и предизвици кои стојат пред Црквата во тие земји. Затоа темата за конгресот е земена од Псалм 86:

„Сите наши извори во Тебе се (86, 7).“

Во светло на науката на Вториот ватикански собор, различните настојувања и програми во перидот на подготовка за конгресот, како и со неговото свечено славење се сака во заедниците на верници да им се обнови свеста дека Евхаристијата е „изворот и врвот на целокупниот христијански живот,“ „коренот и стожерот“ на христијанското заедништво, „изворот на животот на Црквата“, „изворот и врвот на целокупната евангелизација“, „центар и врв на целиот живот на Црквата.“ Со живост и актуелност сè уште одекнуваат зборовите на свети Иван Павле II од неговата последна енциклика: „Црквата живее од Евхаристијата“ (Ecclesia de eucharistia vivit).

Теолошката комисија од Папскиот одбор за меѓународните евхаристиски конгреси подготви документ „Сите мои извори сè во Тебе. Евхаристијата, изворот на животот на посланието на Црквата“, во облик на теолошки и пасторални размислувања за таинството на Евхаристијата и нејзиниот темел на животот на христијанската вера во заедништвото на Црквата.

Ватикан њуз/к.мк

14 март 2019, 09:39