Cerca

Vatican News
Крст Крст 

Морето исфрли крст на една плажа во Флорида

На почетокот на овој месец во близина на градот Форт Лаудердале, кој се наоѓа во Флорида, морето исфрли огромен крст на плажата. Крстот е долг шест метри и е покриен со алги и школки – пренесува Алетеија.

Крстот го пронајдел Грег Гај, за кои некои медиуми пишуваат дека е сопственик на локалното одморалиште, а други пак дека таму престојувал за време на викенд. Тој пренесува дека во еден момент здогледал како нешто необично плови во морето. Веднаш влегол во водата и дрвениот предмет, со помош и на други луѓе, го извадиле на брегот. „Не можев да верувам што видов. На плажата се најдов во вистинскиот момент. Да дојдов 10 минути покасно или порано, не би го здогледал крстот во морето“, сведочи Грег.

Фотографиите со дрвениот крст веднаш станале вирални и прерасна во туристичка атракција. Еден од коментаторите под објавата на Фејсбук верува дека крстот е еден вид знак, односно апокалиптичка порака, додека пак други сметаат дека се работи за дел од јарбол на некој брод. Сепак теоријата која би можела да биде блиска до вистината е дека крстот  припаѓал на една црква во Порторико, која пак била погодена од ураган во септември 2017 година. Официјално соопштение за каков крст се работи и неговото потекло нема.

25 февруари 2019, 12:18