Cerca

Vatican News
Насилство врз христијаните во Индија Насилство врз христијаните во Индија 

Индија: Зголемено насилство врз христијаните

Во Индија, против христијаните, речиси по еден случај насилство дневно.

Во Индија оваа година имало 29 случаи на насилство врз христијаните – соопшти католичката новинска агенција ФИДЕС која што податоците ги собрала од волонтерите на „Обединетиот христијански форум, линија за помош“ (United Christian Forum Helpine). Тие во земјата активирале телефонска линија за слушање и бележење на случаите за насилство, закани и заплашување врз разни видови врз христијанските заедници. Податоците не се разликуваат многу од оние во 2018 година, во која во просек месечно бележеле околу 20 случаи.

Тоа е речеси еден случај насилство на ден – рекол адвокатот Темина Арора, активист за човекови прави и правен советник во невладината организација „Алијанса за одбрана на слободата“ (Alliance Defending Freedom). Арора наведе еден неодамнешен случај: Молитвената средба во државата Раџастан ја прекинале хиндуистички екстремисти кои фрлале камења и довикувале слогани против христијаните, со лажни обвинувања за преобраќање. Полицијата до сега не преземала ништо, ниту пак поднела службена тужба против виновниците.

Според мислењето на адвокатот, ако политичките сили не престанат да ги поттикнуваат луѓето сами да си ја кројат правдата, културата на масовно насилство и неказнивост ќе станe правило

Во државата Утар Прадеш се случиле најголемиот број на насилства врз христијаните. Од 29 пријавени случаи во јануари оваа годиниа, девет се во таа сојузна држава. Начинот на делување е ист за сите девет случаи: мнозина со придружба на полицијата доаѓаат на местото каде се одржува молитвената средба, почнуваат да извикуваат слогани и ги тепаат собраните верници, вклучувајќи ги и жените и децата. Тогаш полицијата ги приведува или ги затвора свештениците или пасторите со лажни обвинувња за преобраќање.

И во државата Чатисгар верниците на едно село се протерани од својата заедница само затоа што биле христијани. Во некои места во државите Химачал Прадеш и Тамил Наду, христијаните со сила се одвлечени во хиндуистички храмови, а екстремистите на челото ги посипувале со пепел, присилувајќи ги да се поклонуваат на хиндуистичките богови. Во Карнатаки пасторот кој што мирно се возел на својот велосипед го погодиле со железо во главата и тешко повреден е оставен на патот. Исто така во Карнатаки, мноштво луѓе запалиле градежен материјал оставен на местото каде што имало Црква во градба, а пастирот на истата Црква добил изгореници – извести католичката новинска агенција ФИДЕС.

23 февруари 2019, 11:49