Пребарување

Бернардито Ауза Бернардито Ауза 

Бернардито Ауза: Нуклеарната војна е незамислива катастрофa

Надбискупoт Бернардито Ауза постојан набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации на првата седница за темата нуклеарно разоружување зборуваше за уништувачките последици од употребата на нуклеарното оружје.

„Нуклеарната војна би била катастрофа со незамисливи размери“, рече надбискупот Бернардито Ауза постојан набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации во говорот на 73. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации. Надбискупот предупреди дека дури и ограничена употреба на нуклеарно оружје би убила безброј луѓе, би направила огромна штета на животната средина и би предизвикала глад.

Постојаниот набљудувач на Светиот Престол во говорот истакна дека едноставен механички или електронски дефект, или пак човечка грешка би можело да избрише од картата на светот цели градови, и заради тоа повеќе од 14.000 парчиња нуклеарно оружје во сопственост на мал број земји претставува еден од најголемите морални предизвици на нашето време.

Закана за целото човештво

Надбискупот Ауза се осврна на пораката која папата Фрањо во 2014 година ја упати до учесниците на Конференцијата за хуманитарните последици од нуклеарното вооружување, во која стои дека нуклеарното заплашување и закана со двострани размери не може да биде темел на етиката на братството и мирниот соживот помеѓу народите и државите. Притоа надбискупот со жалење истакна дека државите кои поседуваат нуклеарно оружје не го почитувале договорот за неширење на тој вид на вооружување, потпишан пред речиси 50 години.

Приговор на Црквата

Постојаниот набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации рече дека отпорот на Католичката Црква кон нуклеарното вооружување има долга историја. Имено, уште во 1943 година папата Пио XII предупредил на можна насилна употреба на нуклеарната енергија, а во 1962 година папата Иван XXIII побарал забрана на нуклеарното оружје, по што го следеле неговите следбеници. Надбискупот Бернардито Ауза се присети на апостолската конституција „Gaudium et spes“ во која стои дека „трката во вооружувањето е една од најтешките рани на човештвото“ која „неподносливо ги оштетува ирмашните“ (Gaudium et spes, 81).

25 октомври 2018, 10:42