Пребарување

2023.04.18 Mons. Anthony Onyemuche Ekpo, Sotto-Segretario del Dicastero per il Servizio dello Sviluppo Umano Integrale (nominato il 18 aprile 2023)

Нов потсекретар во Дикастеријата за унапредување на целосен човеков развој

Папата Фрањо го именува монс. Ентони Ониемуче Екпо за нов потсекретар на Дикастеријата за унапредување на целосен човеков развој

Светиот Отец го назначи монс. Ентони Ониемуче Екпо за потсекретар на Дикастеријата за унапредување на целосен човеков развој. Досега монс. Екпо служел како службеник во Одделот за општи работи на Државниот секретаријат во Ватикан.

монс. Ентони Ониемуче Екпо е роден на 24 септември 1981 година во Умудике, Нигерија. За свештеник е ракоположен на 30 јули 2011 година во бискупијата Умуахија. По докторатот по систематска теологија на Австралискиот католички универзитет во 2013 година, тој докторирал и по Канонско право на Папскиот Грегоријански универзитет во 2021 година. Екпо зборува италијански и француски. Од 5 септември 2016 година е службеник во Одделот за општи работи на Државниот секретаријат во Ватикан.

20 април 2023, 17:11