Седница на Кардиналскиот совет за Синодaлниот од и пандемијата
Советот се состана од 13 до 15 декември во Домот Света Марта, објави прес-службата на Светиот Престол. Меѓу присутните беа кардиналите Пјетро Паролин, Џузепе Бертело, Оскар Родрикез Марадијага, Рајнхард Маркс, Шон О'Мали, Освалд Грацијас и Фридо Амбонго Бесунгу. Присутен беше и секретарот на Советот, бискупот Марко Мелино
Секој кардинал ја презентираше актуелната политичка и здравствена состојба, како и состојбата со пандемијата во неговиот матичен регион, стои во соопштението.
Кардиналот Греч ја презентираше работата на Синодата, давајќи осврт на досегашниот напредок и го истакна ентузијазмот на Бискупските конференции и верниците. Папата Фрањо присуствуваше на седницата во вторник и среда попладне и даде свој осврт на презентираните теми.
Следниот состанок на Кардиналскиот совет е закажан за февруари 2022 година.