Кардинал Сандри во Сирија Кардинал Сандри во Сирија 

Кардинал Сандри за очајот и надежта на сирискиот народ

Префектот на Конгрегацијата за Источни цркви кардиналот Леонардо Сандри по престојот во Сирија од 25 до 2 ноември сведочеше за очајот и надежта на сирискиот народ.

Таа посета на солидарност беше најавена за април 2020 година, но одложена заради пандемијата со коронавирусот. Целта на посетата беше да се изрази близината на папата Фрањо на „саканата и измачена“ Сирија која трпи десетгодишна војна. Меѓу останатото кардиналот Сандри го посети манастирот Мар Муса кој го основа италијанскиот исусовец о. Паоло Дал Оглио, кој исчезна во јули 2013 година во Рака и судбината до денес му е непозната. Во манастирот учествуваше на молитва на италијански и арапски јазик, доверувајќи го киднапираниот исусовец „било каде сега да се наоѓа на небото или на земјата“ на Господ.

Кардинал Сандри го посети и грчко-православниот манастир Света Текла во Малули во христијанското село во кое сѐ уште се зборува на Исусовиот јазик – на арамејски и ги виде трагите од уништувањето – рушевини и оштетени икони, но и знаци на обнова.

На празникот Сите светци кардиналот во Апело се сретна со претставници на хуманитарни организации, истакнувајќи дека посебно им оставила впечаток ситуацијата со младите: „Зајакнување на конзумирањето на дрога и алкохол, ширење на проституцијата – сето тоа се знаци дека младите растат без надеж.“ Истовремено можеше на терен да се увери во работата на салезијанците кои нудат различни активности како поддршка на младите и во името на Папата им се заблагодари за тоа ангажирање.

Една монахиња од болницата Свети Луис му раскажа на кардиналот за бомбите кои паѓаа, пукањето и заканите на лекарите. Тешката состојба ни ја зајакна верата – го доживеавме страдањето на луѓето и научивме да живееме со најосновното; искусивме дека провидноста нема да не изневери ниту во најтешките моменти. Нашата болница остана деноноќно отворена за ранетите, без оглед на нивната припадност и вероисповед, сведочеше монахињата.

Кардиналот Сандри го посети и домот за стари лица кој го водат сестрите на Мајка Тереза, а во посетата на ерменско-католичката заедница му е подарен крст изработен од дрва од сводот на црквата срушена во бомбардирањето. Во халдејската катедрала кардиналот се молеше со епископот во Алепо и со претседателот на Сирискиот Каритас Антоине Аудо. Посетата на Сирија на кардиналот заврши на 2 ноември во Апело со света Литургија задушница за сите жртви во војната во Сирија.

09 ноември 2021, 08:00