1627473994371-WMOF2022_ImmagineUfficiale---CopiaAEM.jpg

Објавена е официјалната икона за Светската средба на семејства

Во Ватикан е претставена официјалната икона на Светската средба на семејства, чиј автор словенечкиот уметник отец Марко Иван Рупник, Д.И.

Иконата „Ова таинство е големо“ е со димензии 80 × 80 см во светли и топли бои - жолта, портокалова и црвена - претставува сцена на библискиот брак во Кана, и, според зборовите на уметникот, сака да порача дека семејството е израз на Светата тајна Венчание.

Д -р Отец Марко Иван Рупник е роден во Задлог, Словенија во 1954 година. Студирал филозофија, теологија и Ликовна академија, а докторирал на папскиот Грегоријански универзитет во Рим, каде и денес предава. До минатата година тој го водеше духовниот и културниот центар „Алети“, а неговите мозаици и сакрални дела красат повеќе од 220 места во светот. Покрај тоа, тој досега објави околу 30 наслови, често води духовни вежби и е советник во неколку римски конгрегации.

Светската средба на семејствата ќе се одржи од 22 до 26 јуни 2022 година во Рим под слоганот „Семејната љубов: повик и пат до светоста“, а воедно ќе заврши и Годината на семејство Amoris laetitia. Светската средба на семејствата беше закажана за оваа година, но поради пандемијата е одложена за 2022 година.

30 јули 2021, 10:05