Пребарување

Vatican News
VATICAN-HEALTH-VIRUS-MUSEUM-CULTURE-HERITAGE-TOURISM

Ватиканските музеи ќе бидат отворени од 3 мај

Задолжителна резервација на билети, точно почитување на денот и времето на посета, употреба на маски и дистанца. Секој што не ги почитува безбедносните мерки ќе биде отстранет. Исто така, ќе можат повторно да се посетат Ватиканските градини.

Ќе започне работата на Ватиканските музеи, но со зголемени мерки на претпазливост. Врз основа на указот, Ватиканските музеи ќе се отворат на 3 мај, по нивното последно затворање – трето по ред минатата година – поради пандемијата со Ковид -19. Правилата за однесување на посетителите се јасни и строги и тие мора да направи резервација однапред на веб-страницата на музејот: https://www.museivaticani.va

Безбедносни правила кои треба да се почитуваат

По задолжителната резервација, следните три правила на кои посетителите мора да се придржуваат се точното почитување на денот и време на посета, носење маски и одржување на растојание поголема од еден метар. Новите правила и процедури поврзани со посетите се наведени и на веб-страницата на музејот.

Дирекцијата на Ватиканските музеи, најавувајќи дека ќе биде можно повторно да се посетат Ватиканските градини (исто така во согласност со утврдените безбедносни стандарди), предупредува дека „оние што не ги почитуваат прописите ќе бидат отстранети од музеите“ затоа што на тој начин го загрозуваат здравјето на другите посетители.

12 април 2021, 16:04