Пребарување

Vatican News
2021.03.19 Statua di San Giuseppe

Потполн опрост во Годината на свети Јосиф

Годината на свети Јосиф судејќи по сѐ, може да биде година на големи милости.

Во склоп на новата црковна Година на свети Јосиф која ќе трае до 8 декември 2021 година, а која папата Фрањо ја прогласи со Апостолското писмо Patris corde, Светиот Престол објави и посебен декрет за условите за да се прими потполн опрост.

Потполн опрост се доделува – со исполнување на вообичаените услови (Исповед, Причест и молитва po накана на Светиот Отец) „на христијаните кои со духот одалечени од секој грев учествуваат во Годината на свети Јосиф на овие начини и во приликите кои ги одреди Апостолската милостилница.“

Тие се:

Потполн опрост им се доделува на оние кои најмалку 30 минути ќе медитираат за молитвата Господова или ќе учествуваат на духовна обнова (во траење од најмалку еден ден), која вклучува медитации за свети Јосиф.

Потполн опрост можат да примат оние кои следејќи го примерот на свети Јосиф ќе направат духовно или телесно дело на милосрдието.

Молитвата Бројаница во семејствата и меѓу свршениците е уште еден начин на кој може да се добие потполн опрост.

Истото важи и за сите луѓе кои секојдневно ги доверуваат своите дневни работи на заштитата на свети Јосиф и на секој верник кој ќе го повика застапништвото на свети Јосиф за оние кои бараат работа да пронајдат достоинствено вработување.

Потполн опрост им се доделува на верниците кои молат Литанија до свети Јосиф (католиците кои припаѓаат на латинската традиција) или акатис на свети Јосиф (католиците кои припаѓаат на византиската традиција) или било која друга молитва до свети Јосиф соодветна за останатите литургиски традиции, за прогонетата Црква ad intra и ad extra и за помош на сите христијани кои трпат различни видови на прогони.

Покрај во горенаведените случаи, Апостолската милосница доделува потполн орост на сите верници кои ќе ја молат било која законски дозволена молитва или чин на побожност во чест на свети Јосиф – на пример „Кон тебе о свети Јосифе“ – посебно на денот 19 март (празникот на свети Јосиф), мај (празникот на свети Јосиф работник), празникот на светото Семејство, на секој 19 во месецот и секоја среда (денови кои во латинската традиција се посветени на овој светец.)

Заради здравствената криза предизвикана од коронавирусот, можноста за добивање на потполн опрост на посебен начин се проширува на болните, старите и оние на умирање и на сите оние кои заради оправдани причини не се во можност да ги напуштат своите домови.

Тие тоа можат да го постигнат со одрекување од секој грев, со молитвата побожност во чест на свети Јосиф и прикажувајќи ги на Бог тешкотиите и болките на своите животи, имајќи притоа намера што е можно порано да ги исполнат трите стандардни услови за добивање на потполн опрост.

Во декретот на Апостолската милосница потпишан од кардиналот Мауро Пијаченца се охрабруваат свештениците со „подготвен и великодушен дух пасторално да го олеснуваат славењето на светите Тајни Исповед и поделување на света Причест на болните.“

25 март 2021, 09:32