Пребарување

Кардинал Сандри во студиото на Радио Ватикан Кардинал Сандри во студиото на Радио Ватикан 

Кардинал Сандри за посетата на Папата во Ирак

На крајот од првата недела во март, папата Фрањо ќе го посети Ирак, земја ранета од војни и насилство, каде ќе се сретне со локалните христијани и припадници на други религии. Префектот на Конгрегацијата за Источни цркви, кардинал Леонардо Сандри, ги сподели своите размислувања за причините и значењето на ова патување.

Не само локалните христијани, кои се малцинство во земјата, ја чекаат Апостолската посета на папата на Ирак, предвидена за 5-8 март годинава. Поглаварот на Католичката црква пристигнува за да покаже близина и да донесе зборови за поддршка не само на своите верници, туку и на сите жители на земјата, истоштени од долгогодишните војни, конфликти и насилство. За време на посетата се планирани и средби со претставници на други религии.

Кардинал Леонардо Сандри, префект на Конгрегацијата за Источни цркви, неодамна го посети студиото на Радио Ватикан и ги сподели своите надежи за ова патување на Папата, посакувајќи да биде „знак на надеж“. „Не сакам патувањето на Папата во Ирак да биде обвиткано во своевидна сенка на тага. Според мене, тоа треба да биде патување на радост, бидејќи Папата ќе донесе на овој народ, на Католичката црква и на сите Ирачани порака на утеха, мир, изразувајќи го своето воодушевување од издржливоста во сè што претрпеа“, рече кардиналот, посакувајќи тоа да биде патување на радост и пријателство.

Да се воспостави братство

Одговарајќи на забелешките дека муслиманите во земјата ја поздравуваат планираната посета, кардинал Сандри рече дека тој никогаш не наишол на антипатија во Ирак или во други земји со мнозинство муслимани, туку дека бил сведок на „знаци за отвореност“. Ми се чини дека врз основа на тоа можеме да кажеме дека Папата сега му претставува на светот нов, така да се каже, „универзален устав“, со почит кон идентитетот својствен на секоја религија, што претставува желба да се изгради нов свет во мир, правда, слобода, почитување на правата на човечката личност, на верската слобода, затоа што сите ние сме браќа и сестри“, рече префектот на Конгрегацијата за Источни цркви, осврнувајќи се на средбата со големиот ајатолах ал Систани, Ирачки шиитски муслимански духовен водач.

Продеканот на кардиналскиот колегиум се согласува дека ова патување ги актуализира сите аспекти на Документот за универзално братство, потпишан пред две години во Абу Даби. Со некои зборови, можете дури и да кажеме дека ова е чекор од зборови во дела. На крајот на краиштата, теориите за градење нов свет можат да се реализираат само „во специфичен секојдневен живот“, кога секој може да придонесе за животот на земјата како рамноправни граѓани, а притоа да остане верен на својот идентитет.

24 февруари 2021, 13:22