Пребарување

Vatican News
Ватиканските музеи Ватиканските музеи  (AFP or licensors)

Ватиканските музеи повторно ќе бидат затворени за јавноста

Канцеларијата за печат при Светиот Престол соопшти дека од четврток 5 ноември 2020 година за јавноста ќе бидат затворени Ватиканските музеи, Папската резиденција во Кастел Гандолфо и криптата во базиликата Свети Петар.

Во соопштението се истакнува дека наведените места се затвораат поради претпазливост, согласно мерките кои ги донесоа италијанските власти поради здравствената ситуација.

Откако 80 дена беа затворени, Ватиканските музеи беа отворени за јавноста од 1 јуни, а неколку дена покасно беа отворени и Ватиканските градини и Папската резиденција во Кастел Гандолфо.

Музејот и криптата повторно ќе бидат затворени до 3 декември 2020 година.

05 ноември 2020, 11:01