Српскиот патријарх Иренеј Српскиот патријарх Иренеј 

Телеграма на сочувство на кардиналот Кох за смртта на патријархот Иринеј

Српскиот патријарх почина на 20 ноември во воената болница Карабурма во Белград на 90-годишна возраст.

„Папскиот совет за промовирање единство на христијаните со длабока тага ја прими веста за смртта на Неговата Светост Иринеј, Патријарх на Српската црква, кој почина на 20 ноември 2020 година.

Со овие зборови започнува телеграмата со сочувство на Папскиот совет за промовирање единство на христијаните за смртта на српскиот православен патријарх Иринеј. „За време на неговата служба“, стои во телеграмата, „Неговата Светост беше пример за вера и дијалог, скромен и радосен, целиот свој живот му го посвети на Бога и го охрабри духот на заедништво во Српската православна црква“.

Во телеграмата испратена до митрополитот Хризостом, архиепископ во Сараево, надлежен поглавар на Патријаршискиот престол, претседател на Папскиот совет кардиналот Курт Кох со благодарност потсетува на неговите средби со патријархот, како и на срдечното и братско гостопримство на Неговата Светост.

21 ноември 2020, 10:54