Пребарување

Vatican News
Состанок на Кардиналскиот совет Состанок на Кардиналскиот совет  (© Vatican Media)

Кардиналскиот совет ќе одржи онлајн состанок

Канцеларијата за печат при Светиот Престол најави дека Кардиналскиот совет во вторник 13 октомври 2020 година ќе одржи онлајн состанок, после паузата предизвикана од Ковид - 19

Директорот на Канцеларијата за печат при Светиот Престол Матео Бруни во понеделник соопшти дека учесниците на состанокот ќе разгледуваат како може да се продолжи со состаноците со оглед на пандемијата со коронавирусот.

Кардиналскиот совет ја одржа 33. седница од 17 до 19 февруари, а потоа поради актуелната здравствена криза се изоставени средбите.

За време на заседавањето во февруари кардинал Пиетро Паролин, Оскар А. Родригез Марадијага, Рајнхард Маркс, Сеан Патрик О’Малеј, Џузепе Бартело, Освалд Грацијас ја разгледуваа преработената нацрт конституција за Римската курија, која откако ќе биде одобрена, ќе ја земени Апостолската конституција „Pastor bonus“ од папата Иван Павле II., која е на сила од 28 јуни 1988 година

13 октомври 2020, 09:22