Пребарување

Кардинал Паролин со прими Мајк Помпео Кардинал Паролин со прими Мајк Помпео 

Кардинал Паролин го прими државниот секретар на САД Мајк Помпео

На 1 октомври 2020 година државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пиетро Паролин и надбискупот Галагер во Ватикан го примија американскиот државен секретар Мајкл Помпео.

За време на 45. минутната средба, која се одвиваше во срдечна и пријатна атмосфера двете страни ги претставија своите позиции во однос на Кина. Освен тоа се разговарало и за некои кризни подрачја и оние каде се водат вооружени судири, а посебно во Кавказ, Блискиот Исток и Источното Средоземје - стои во соопштението од Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

01 октомври 2020, 19:15